Согласно програмата на Секторот за туризам и локален економски развој за подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, денес градоначалникот Јован Стојаноски на 29 граѓани им врачи дипломи за успешно реализирана обука. Проектот се реализираше во соработка со Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење “Кузман Шапкарев“. Со сертификат се здобија 13 заварувачи, 12 монтери за ниско напонска инсталација и 4 изучувачи на полскиот јазик.
Целта на овој проект е да се мотивираат студентите, младите и невработените да ги изградат своите преприемачки вештини и преземање на иницијативи и одговорност за својата иднина.
|