Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ ЌЕ ПРАКТИЦИРА ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ И ТРЕТМАН НА БИО ОТПАД СО КОРИСТЕЊЕ МЕТОДИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БИО ГОРИВО
Untitled Document

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција – прв повик за проектни предлози од ИНТЕРРЕГ ИПА 2, 2014-2020 година, ЈП „Охридски Комуналец“ во партнерство со општина Лагадос, Државниот технички универзитет во Атина, Централниот сојуз на општина во Р. Грција и Факулетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле„ Охрид аплицираше за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво (Sum Bio)“ и доби грант во износ од 1 320 000 евра, од кои 600 000 евра се предвидени за ЈП „Охридски Комуналец“.

Обезбедувањето на законски и финансиски услови за одржливо управување со отпадот и третман на истиот  ќе доведе до успешен економски развој на јавното претпријатие  и намалување на дивите депонии во охридскиот регион. Ваквите активности ќе доведат до заштеда на енергија, бидејќи конвертирањето на био отпадот во био гориво ќе генерира одреден процент од вкупното количество на енергија кое се користи.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1371  пати
Објавено на: 18.04.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©