Во рамките на денешната работна посета на Општина Охрид, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски. На средбата се разговараше за поддршката на Владада на Република Македонија на тековните проекти и развојните програми на Општина Охрид.
Во рамки на посетата, со почеток во 12.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Заев и Сугарески учествуваа на отворената трибина „Силна економија – шанса за сите“, а потоа ја посетија фабриката „ Костал“.
|