Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СОВЕТУВАЊА И ОБУКА НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКА ХРАНА
Untitled Document

Ве известуваме дека Согласно Г1 програмата за локален економски развој на Општина Охрид за 2018- та година, ќе се реализираат советувања и обука на производителите за производство на органска храна.

Советувањето и обуките ќе се одржат во просториите на Општина Охрид (голема сала), во среда на 24 ти, октомври со почеток во 18 часот.

Имајќи во вид дека органското производство е најбрзо растечки  сектор во производството на храна во Европа и светот, целта на овие обуки е да се прикажат  мерките за поддршка на производителите на органска храна што се предвидени во заедничките земјоделски политики на Република Македонија и европските фондови, како и давање на корисни упатства за правилата кои се однесуваат на органското производство, процес на контрола и сертификација на органското производство, согласно законот за органско производство и ЕУ регулативите.

Обуките опфаќаат три засебни области:

- Земјоделско и овоштарско производство,

- Сточарско производство,

- Пчеларско производство.

Обуките ќе ги одржи стручно лице од Про-Церт КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА ОКС 

Општина Охрид, ги поканува сите заинтересирани производители на земјоделски и овоштарски производи, сточарски производители и пчелари, претседатели и представници на месни заедници и рурални населби, млади земјоделци, производители на храна, граѓански и други организации да земат учество на обуките.

За повеќе информации јавете се на 046 262 492 / лок. 115

Прочитано:  389  пати
Објавено на: 18.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©