Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес прими група од 20 средношколци и четири професори од најголемата гимназија со 2 300 ученици од градот Каен- Долна Нормандија.
Заменик градоначалникот Георгиевски им посака пријатен престој на гостите во градов по што беше информиран дека посетата на Охрид и Македонија има лингвистички и културолошки аспект. Од една страна учениците од Франција на соучениците Македонци им помагаат во изучување на францускиот јазик, а од друга страна француските деца поблиску ја запознаваат македонската култура и историја.
На средбата беше истакнато дека француските гимназијалци изминатиов неколкумесечен период работеле историска тема која се однесува на загинување на македонски војник во Долна Нормандија и на француски војник во Македонија во периодот на првата Светска Војна.
Гостите од Франција се една недела во Македонија, а два дена престојуваат во Охрид.
Охрид и Каен имаат потпишано протокол за соработка во 2009 година.
|