Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ јавна анкета и јавна презентација на Детален урбанистички план за измена и дополнување на ДЕЛ 2 од ДУП за УЗ 6, УБ 6.2
Untitled Document

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр. 19-1636/6 од 08.06.2017 година, Градоначалникот на општина Охрид дава ,

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ јавна анкета и јавна презентација на Детален урбанистички план за измена и дополнување на ДЕЛ 2 од ДУП за УЗ 6, УБ 6.2 , општина Охрид, плански период 2014-2019, фаза Нацрт-план со тех.бр.112/2014 , изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИНПУМА Скопје

1.  Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за измена и дополнување на ДЕЛ 2 од ДУП за УЗ 6, УБ 6.2 , општина Охрид, се наоѓа меѓу следните улици: магистрална улица бул.’’Туристичка’’, собирна улица ‘’Јане Сандански’’, сервисна улица ‘’Даме Груев’’ и станбени улици ‘’Ванчо Питошески’’ и ‘’Караорман’’. Просторот опфаќа површина од 4,77 ха.
2. Јавната анкета за нацрт планот ќе трае од 19.06.2017 03.07.2017 год.
3. Јавната презентација за нацрт планот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 27.06.2017 год. со почеток во 12.00 часот.
4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид.
6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1406  пати
Објавено на: 15.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©