Градоначалникот Никола Бакрачески, вечерва, на повеќенаменското игралиште кое е во склоп на средното економско училиште, со охриѓани одиграа партија баскет.
Вечерва, во овој прекрасен амбиент, исполент со деца, спортисти рекреативци, општина Охрид организира настан „Играј баскет со локалната“ со кој што ги промовираме здравите животни навики и спортот како опција во животот и како можност луѓето да градат здрави животни навики од една страна, а од друга страна тоа е начин како би ги поттикнале луѓето повторно да излегуваат во природа, да се дружат, да рекреираат, рече градоначалникот Бакрачески, кој додаде дека изградбата на ова повеќенаменско спортско игралиште е во соработка со Агенција за спорт и млади.
Целта на настанот е да се возобноват спомените од поранешниот градски полигон кој беше симбол за дружење, спортување и практикување на здрави навики кај генерации охриѓани.
Игралиштето е во рамки на средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“, а е составено од две стативи за мал фудбал и четири коша за баскет. Должината на игралиштето е 45 метри, а ширината 28 метри.
Извор: www.ohrid.gov.mk |