Десеттиот јубилеен Охридски хорски фестивал, синоќа започна во
кристалната сала на хотелот „ Инекс- Горица“. На фестивалот што се
организира со поддршка на општина Охрид, се обрати заменик градоначалникот
Ангел Јанев.
-Сите Вие сте од различни земји, но зборувате единствен јазик, јазик на
музиката и културата.Ви посакувам вашата песна и музика, вечерва и во
следните денови, како и секоја година да остават трага во охридската и
македонската културна сегашност- рече заменик градоначалникот Ангел
Јанев.
На фестивалот настапуваат 26 хорски ансамбли од Македонија, Полска, Русија,
Србија, Романија, Чешка, Босна и Херцеговина, Белорусија,Кипар и Турција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |