Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗАКАЖАН СОБИРОТ НА ГРАЃАНИ НА УЗ 8 „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, член 106
од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедницина на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

На Собирот ќе се врши избор на членови на Совет на Урбана
заедница.

- Собирот се презакажува за 26.03.2018 година со почеток во 19,00 часот.За Урбана Заедница -8 “Билјанини Извори”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.

Урбаната Заедница -8 “Билјанини Извори” го завзема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток со ул. “Стрелиште”, од Запад ул. “Јане Сандански”, од Север “1 Градски Ринг” (ул. “Карпош Војвода”) и од Југ булевар “Туристичка”.

УЛИЦИ: ул. “Јане Сандански” – десна страна од ( кружен тек кај “Мини Маркет”) до пресек со ул. Карпош Војвода, ул. “Карпош Војвода” – десна страна до крај,ул.“АСНОМ“ до пресек со булевар “Туристичка , булевар “Туристичка” – десна страна од почетокот до кружен тек кај “Мини Маркет”, ул. “8 Септември” до пресек со ул.“ Карпош Војвода“, ул. “Лазо Трпоски” со пресек со ул. Карпош Војвода“, ул. “Мирче Ацев”, ул. “Ванчо Питошески”, ул. “Галичица”, ул. “Никола Карев”.
Напомена: Граѓаните присутни на Собирот со себе да носат важечка лична карта или патна исправа заради доказ за жителство во Урбаната заедница и лична идентификација.

  • Врз основа на Статутот на општина Охрид,

Член 105
Советот на облиците на месната самоуправа е составен од 3 (три) до 7 (седум) членови.
Мандатот на членовите на советот на месната самоуправа трае
4 (четири) години.
Член 107
Предлагање и утврдување кандидати за членови на советот на облиците на месната самоуправа се врши на собир на граѓани, доколку присуствуваат најмалку 3% од граѓаните, жители на месната самоуправа, кои имаат право на глас.
За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број на гласови од присутните граѓани на собирот.
Член 109
За избрани членови на советот на облиците на месната самоуправа се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.

  • Врз основа на Правилата за работа на облиците на месната самоуправа:

Член 17
Собирот на граѓани ( во понатамошниот текст: собир) го сочинуваат сите полнолетни граѓани со живеалиште на подрачјето на обликот на месната самоуправа.
Собирот се свикува со писмено известување, преку дневниот печат, преку електронски медиуми или на друг погоден начин.

Член 29
Предлог за кандидат за член на Советот може да поднесе секој полнолетен присутен член на собирот.

Предлозите за кандидат се даваат поединачно и секој има право да предложи само еден кандидат.
Секој предложен кандидат дава согласност за прифаќање на кандидатурата.

Член 30
За утврден кандидат се смета кандидатот кој добил мнозинство на гласови од присутните полнолетни граѓани на собирот, жители на облиците на месната самоуправа.

Член 31
На Собирот на граѓаните може да се предложат, односно утврдат најмногу два пати повеќе кандидати од вкупниот број на членови на Советот.

 

СОБИРИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИ НА УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ...

Прочитано:  1440  пати
Објавено на: 21.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©