Советот на општина Охрид, на денешната седница разреши и именува членови на управните и надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење на јавните претпријатија МЈП „ Проаква“ , ЈП „ Нискоградба“ , ЈП „ Градски пазар“ , ЈП „Охридски комуналец“ , ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „ Билјанини извори“ .
Советниците ја прифатија и предложената одлука за надоместок на трошоци на организаторите на изборната кампања за избор на Градоначалник и членови на Советот на општина Охрид за локалните избори во 2017 година.
По усвојувањето на дневниот ред, со образложение дека ќе ја бојкотираат работата на Советот на општина Охрид поради случувањата по инцидентите во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, советничката група предводена од ВМРО- ДПМНЕ ја напушти седницата.
|