Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона. Во
една одлична фудбалска атмосфера, под раководство на врвните фудбалски
тренери од школата на Барселона, позната како BESCOLA, 7 дена, учесници од
цела Македонија ќе можат да уживаат, да се дружат и секако да ги усовршат
своите фудбалски знаења. Тука се и локалните фудбалски тренери кои што
работат заедно со тренерите од школата на Барселона и исто така се на висина
на задачата. Се тренира 2 пати на ден, и тоа во групи од по 10-12 деца.
Атмосферата во кампот е одлична, тренерите од Шпанија се презадоволни од
условите што ги нуди градот Охрид и СРЦ Билјанини Извори за одржување
на вакви спортски проекти. Кампот трае до недела, 27 Август, кога со
завршувањето сите учесници ќе се стекнат со дипломи од школата, а ќе има и
изненадувања.
Извор: www.ohrid.gov.mk |