ОПШТИНА ОХРИД СО ИТНА РЕАКЦИЈА ПО ИЗЛЕВАЊЕТО НА НАФТЕНА ДАМКА ВО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА
Untitled Document
Во врска со нафтената дамка која рано утрово се појави во каналот Студенчишта, Ве информираме дека на лице место веднаш излегоа сите надлежни институции.
Покрај претставниците на локалната самоуправа, на терен излезе и надлежниот Државен Инспектор за животна средина од Охрид (ДИЖС) кој направи вонреден инспекциски надзор, како и Капетанот на Капетанијата.
На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стоун“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива ДИЖС ќе ги превземе сите законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка.
За утре (понеделник 20.11.2017) е закажано итно вадење на бродот од каналот со соодветна механизација, со што ќе се спречи натамошно излевање на нафта во езерото, а со тоа и потенцијалните последици за живиот свет во него и животната средина.