Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНИТЕ ЗА ТУРИСТИЧКА И УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
Untitled Document

Секторот за туризам и локален економски развој, на 06.03. 2018 година (вторник), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 11 часот, организира јавна расправа со претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници.Тема на јавната расправа се предложените измени и дополнување на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност и  за такса за привремен престој, како и за  мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.

За истите теми ќе се разговара и со физичките лица кои вршат угостителска дејност-приватно сместување, на јавната расправа што ќе се одржи на 06.03.2018 година (вторник), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот и 30 минути.

На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија  и Стопанската комора.

Прочитано:  1387  пати
Објавено на: 02.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©