На денешната средба на градоначалникот Д-р Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со угостителскиот еснаф, беа усогласени повеќе делови од одлуките за плаќање на комунална такса и надоместок за поставување на урбана опрема. Разговорите продолжуваат во среда на 21.02.2018 година, по што предложените одлуки ќе се најдат на дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид.
Во конструктивна расправа, беа усогласени ставовите дека е добро што е предвидено зонирање за поставување на урбана опрема, плаќањето да се врши месечно според склучен годишен договор и во зависност колку време ќе биде користена опремата, а за висината на надоместокот, кој заеднички треба да биде утврдена на следната средба, во обзир да се земе користењето во летниот и зимскиот период од годината.
|