Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ГО ПРАЗНУВА 11 ОКТОМВРИ ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ
Untitled Document

Со свечена  програма што  претпладнево се одржа во големата општинска сала започнаа прославите по повод одбележувањето на  11 Октомври- Денот на народното востание.  Пред бројната публика пригодно обраќање имаше градоначалникот на Охрид , Јован Стојаноски.

-Почитувани дами и господа, учесници во Народноослободителната војна, дозволете,  во името на Локалната Самоуправа на Општина Охрид, да Ви го честитам големиот празник на Македонскиот слободарски дух- 11 Октомври.Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна, ги постави темелите на новата Македонска држава и го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.Континтинуираната борба на македонскиот народ резултираше со формирање на самостојна и независна Република Македонија, како единствена државна територија на Македонскиот народ на овие немирни Балкански простори.Затоа, 11 Октомври, не преставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото Светско семејство на народите.Во таа смисла, славни и неизбришливи се трагите на револуционерниот и бунтовен 11 Октомври 1941год., нашиот патоказ низ бурните времиња се до создавањето на сопствена држава.Денес, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор. Во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на европската цивилизација. Во својот повеќе децениски слободарскиот од, градот доживува континуиран национален, социјален, културен и научен развој кои го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ и воопшто на Сесловенскиот свет. И покрај сите специфики на времето во кое живееме, сложеноста на состојбите во кои се наоѓаме, градот успева да ја сочува својата одлика-да биде репрезент на целата македонска историја, традиција и култура.За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и  достоинствено  да се  одговори на предизвициите кои ги носи  иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври,  датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на  идниот националниот развој. Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат.  Почитувани борци, почитувани присутни, нека ни е честит и долговечен 11 Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ- истакна во своето обраќање градоначалникот, Стојаноски.

Во рамки на случувањето   историски час по повод празникот  одржа  Наце Иваноски од ОО на Сојузот на борци.

Чествувањата за 11 Октомври продолжуваат утре кога во 11 часот  делегации  од општина Охрид и останати претставници од јавниот и политички живот од градов ќе положат свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во градскиот парк, во дворниот простор на Основен Суд –Охрид и Економското училиште, „Св. Кирил и Методи“ и кај градски гробишта.  

 

 

 

Прочитано:  569  пати
Објавено на: 10.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©