Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УТРЕ ПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНАТА 30-ТА ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
Untitled Document

Jубилејната 30-та Поетска ноќ во Велестово, ќе се одржи на 20 и 21 јули  (петок и сабота) во Велестово и Охрид.Се е подготвено за утрешниот почеток на  оваа престижна манифестација која се одржува под покровителство на општина Охрид-ова беше речено на денешната прес конференција.

-Јубилејната 30- та Поетска ноќ во Велестово е една од ретките културни манифестации во Република Македонија која ги спојува поетскиот збор и ликовната уметност.Општина Охрид ја поддржува оваа манифестација и тоа ќе го прави и во иднина зошто таа е наш препознатлив белег преку кој се промовираме во земјава и светот- рече претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.

Основачот на манифестацијата Славе Ѓорѓо Димоски рече дека пред триесет години започна еден нов поетски настан чија цел беше во еден поинаков амбиент поетската реч да ја извади од академските простории.

-На Поетската ноќ во Велестово продефилираа врвни македонски  поети и сликари, а од година во година програмата се прошируваше со нови содржини.Така, направивме посебни вечери со претставување на поетското творештво на автори од Ирска и Бугарија.Годинава требаше да има претставување на поезијата на Хрватска, но за жал од оправдани причини нема да се одржи, но ние не се откажуваме од меѓународниот карактер на манифестацијата- рече Димоски.

Поетската ноќ во Велестово, свечено ќе биде отворена утревечер во 21 часот пред селската чешма со претставување на најновата македонска поезија со настап на поетите Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Елизабета Баковска, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески и Исток Улчар.Во тремот на црквата „Успение на Света Богородица“ ќе биде отворена изложба „15 години – Арт поинт гумно“ со дела на уметници од светот, а во музичкиот дел ќе настапи Горан Папаз.

Во рамки на манифестацијата, а во соработка со Фондација „Славко Јаневски“ ќе се претстави  романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Настанот ќе се одржи 21 јули (сабота) во просториите на МАНУ (куќа „Уранија“), Охрид со почеток во 20 часот, а во 21 часот во кафе барот „ Шила“ ќе се одржи поетско читање „ Имам нешто да ти кажам“ .

Во рамки на јубилејот ќе биде издадена книгата „Гласови на новиот век – панорама на поновата македонска поезија“ и јубилејното гласило на манифестацијата,  а во подготовка е монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ која ќе биде промовирана следниот месец.

Прочитано:  412  пати
Објавено на: 19.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©