Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО РУСКИОТ ДИРЕКТОР НА ФЕДЕРАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ТУРИЗАМ КОРУВКИН
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска во Москва оствари работна средба со директорот на Федералната агенција за туризам на Руската Федерација Валери Корувкин.
На средбата се разгледаа можностите за соработка меѓу руските и охридските туристички работници.  Од страна на градоначалникот Бакрачески беа презентирани поволностите кои ги дава Владата на Република Македонија за групни посети на туристи во форма на субвенции, кои за руската федерација изнесуваат и до 65 евра, а се однесуваат на групи туристи кои се поголеми од 10 туристи и остваруваат минимум 3 ноќевања.
Притоа, пред директорот беа изнесени позитивните искуства кои ги имаат тур операторите Корендон и ТУИ кои остваруваат солиден обрт и носат голем број туристи токму заради политиките на субвенции кои ги положуваат.

Директорот на Руската федерална агенција , ваквите поволности кои ги дава Македонија ги оцени како позитивни и нагласи дека сигурно бизнисот ќе го најде својот интерес бидејќи понудата да се посети Охрид ја оцени како уникатна и различна од класичниот туризам со одмор и плажа со кој на рускиот пазар настапуваат земјите како Тајланд и Турција и различна од понудата на западноевропските центри, бидејќи Охрид со Русија го поврзува заедничката историја во делот на религијата и значењето на Охрид во православниот свет.
Амбасадорот на РМ во Москва , Гоце Карајованов, нагласи дека минатата година Македонија ја посетиле 9 000 руски државјани кои оствариле  23 500 ноќевања.
Амбасадорот го нагласи и добриот имиџ на Русија во Македонија и позитивниот однос коој народот во Македонија го има кон рускиот народ.

Градоначалникот Бакрачески го информираше директорот Валериј Коровкин и за промотивните тури кои ги организира општината и упати отворена покана до агенцијата да испрати дел од руските новинари во септември да го посетат Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1378  пати
Објавено на: 29.03.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©