На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, денес, стартуваше новата
авиолинија Малме – Охрид – Малме. Првите 118 патници од новата редовна
линија, ги пречекаа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, в.д.
градоначалникот, Константин Георгиески, Неџат Курт од ТАВ Македонија и
претставници на општина Струга.
Ми причинува огромно задоволство што
денес, имаме можност да им посакаме топло добредојде и пријатен престој на
патниците од нововостановената директна авиолинија Малме – Охрид – Малме. Во
оваа прилика сакам од мое лично име и од името на општина Охрид, да ја
изразам благодарноста до Владата, менаџментот на ТАВ и Охридскиот аеродром и
до компанијата „Визер“ за реализацијата на овој проект. Оваа линија, но и
новата Милано – Охрид – Милано, ќе бидат од големо значење за нашите, но и
за жителите од поблиските градови на соседна Албанија. Воведувањето на нови
авиолинии од и кон Охридскиот аеродром веќе станува пракса која особено ме
радува. Таквата пракса е во корелација со нашите заложби за развој на
туризмот и промоцијата на Охрид. Од информациите што ги имаме речиси сите
летови кон Охрид се реализираат со полни авиони, истакна в.д.
градоначалникот Георгиески.
Линијата Малме – Охрид – Малме ќе оперира два пати неделно во понеделник
и петок со време на пристигнување во 11:25 часот, а време на поаѓање 11:55
часот.
Среќни сме да ги пречекаме и да го
најавиме додавањето на Малме и на Милано на мапата со дестинации како две
авиолинии што ќе сообраќаат во текот на целата година на Аеродромот Св.
Апостол ПавлеОхрид.Оваа прилика не е само за одбележување на проширувањето
на мрежата на линии од охридскиот аеродром, туку ова исто значи и отворање
два нови дојдовни пазари, Шведска и Италија, за патници и туристи кои
доаѓаат во посета на прекрасниот Охрид.Во исто време, двете неделни
фреквенции, ќе бидат од корист за целата локална заедница долж Охридското
Езеро и за економијата во нашата земја воопшто.Директните линии Охрид-Малме
и Охрид-Милано (Малпенса) може да се користат како поволна конекција при
патување во Шведска или Италија.ТАВ Македонија секогаш се радува на новите
авиолинии и новите можности за патниците кои ги користат двата аеродрома во
Скопје и во Охрид, а денес ни е драго што се задоволени потребите и барањата
на патниците.Со воведувањето на овие две нови дестинации, веруваме дека ќе
има бројни можности за македонските граѓани да го прошират и да го зголемат
нивното патувачко искуство.Би сакал да се заблагодарам на „Визер“ за нивната
посветеност кон развој на воздухопловството во нашата земја, како и на
Владата за нивната постојана поддршка, рече Неџат Курт од ТАВ
Македонија.
Покрај линијата со Малме, од утре започнува уште една нова редовна Милано
– Охрид – Милано, која ќе сообраќа секој вторник и сабота со време на
пристигнување 17:25, а полетување17:55 часот. Двете нови авиолинии ги
реализира „Визер“. Со додавањето на Малме и Милано, како нови дестинации,
сега од Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид има 5 редовни линии Виена,
Базел, Цирих, Малме и Милано, како и 8 сезонски дестинации до Амстердам,
Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, на кои
оперираат 11 авиокомпании.
|