Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО СИЛНИОТ ВЕТАР КОЈ ПРЕДИЗВИКА ШТЕТИ ВО КРАЈБРЕЖНИОТ ПОЈАС ЗАСЕДАВАШЕ КРИЗНИОТ ШТАБ
Untitled Document

Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид. За справување со последиците, заседаваше Кризниот штаб на општина Охрид, на кој беа договорени конкретните активности на надлежните служби и нивна координација.

Нивото на Охридското Езеро е на  693,78 метри  и тоа  е 3 сантиметри  над дозволената кота од 693,75 метри. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри. Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда.

Екипите на јавните претпријатија  цел ден беа на терен  и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци.Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад.

- Веднаш излеговме на терен за да се констатира состојбата и соодветните екипи ќе бидат цела вечер на терен. Рано сабајле, од 05:00 часот започнуваме со интензивно чистење на градот. За жал Охрид го зафати едно силно невреме кое долго не се памети во нашиот град, меѓутоа очекуваме ситуацијата да се стабилизира во текот на ноќта, изјави Градоначалникот Стојаноски.

Утре  (недела) од 07:00 часот се продолжува  со чистење. Ќе бидат ангажирани сите ЈП со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите. Правните и физичките лице кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен.

Од Кризниот штаб се апелира да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.


Прочитано:  1448  пати
Објавено на: 17.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©