Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА НА КП БР.10143/1 ВО УЗ 10, УБ 10.3, КО ОХРИД 2, ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07,159/08, 48/10, 124/10,  51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16), Општина Охрид, на ден  13.03.2017 година, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ  ДУП за градежна парцела  на КП  бр.10143/1 во УЗ 10, УБ 10.3,  КО Охрид 2, Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина

2.Одлуката  заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk

3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена  и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на планскиот документ ДУП за градежна парцела  на КП  бр.10143/1 во УЗ 10, УБ 10.3,  КО Охрид 2, Општина Охрид,  нема да има влијание врз животната средина од следните причини : Основ за донесување на овој ДУП е постојниот ГУП за град Охрид,одобрената планска програма од страна на градоначалникот,а заверена од членовите на надлежната комисија.Со реализација на планскиот документ  се предвидува планирање на една градежна парцела со намена домување.  Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.

4.Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1371  пати
Објавено на: 16.03.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©