Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Јован Стојаноски упати честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед.
- - Во добро здравје, радост, среќа и хармонија Ви посакувам да го поминете овој голем празник. Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието и заедничкото во различните верски определби. Искрено Ви посакувам овој Рамазан Бајрам, да ја зајакне верата и солидарноста меѓу луѓето, покажувајќи го патот кон вистината и праведноста.
Нека и овој празник не потсети на добрите дела, кои треба да ги правиме кон себе, кон своето семејство и пошироката заедница, стои во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски. |