Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2017/2018 година
Општина Охрид ќе додели 20 студентски стипендии и тоа:
А) 10 (десет) стипендии за редовни студенти од I, II,III,IV,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји, за академската 2017/2018 година и
Б) 10 (десет) стипендии за редовни студенти од I,II,III,IV,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во РМакедонија, за академската 2017/2018 година и живеат во потешки социјални услови.
КОНКУРСОТ можете да го преземете тука... (word doc.) |