Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој приватно престојува во Република Хрватска денес се сретна со Градоначалникот на градот Корчула Андрија Фабрис.
На неофицијалната средба Бакрачески и Фабрис разговараа околу искуствата во туризмот и како да се привлечат повеќе туристи, околу начините на кои во двете земји се финансираат локалните самоуправи, за искуствата во подобрувањето на комуникацијата меѓу централните и локалните власти.
Потоа разменија мислења и искуства за решавањето на сообраќајните прашања и заштитата на човековата околина и заштитата на културното наследство.
Корчула е апликант за добивање на статус на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО и Бакрачески и разговараа и за искуствата на Охрид кој повеќе од триесет години го има овој статус.
Договорено е комуникацијата да продолжи интензивно, а планирано е делегација на Корчула ќе го посети Охрид во октомври.
Бакрачески на Фарбис му подари и пригодни скромни подароци од градот Охрид, како и пропаганден материјал за нашиот град.
Извор: www.ohrid.gov.mk |