По снежните врнежи, во текот на вечерните и утринските часови ЈП „ Охридски комуналец“ интензивно ги посипува со абразивни средства и ги чисти улиците и тротоарите со цел да се обезбеди нормален сообраќај на возилата и движење на пешаците. На терен излезе и градоначалникот Јован Стојаноски, заедно со надлежните служби од Локалната самоуправа кои се задолжени за организирање на зимското одржување на сообраќајниците и тротоарите.
Се апелира до граѓаните, согласно законските обврски, сами да ги исчистат влезовите до објектите во кои домуваат и да не ги паркираат возилата на сообраќајниците и тротоарите за да можат екипите на ЈП „ Охридски комуналец“ непречено да го расчистуваат снегот.
|