Денот на независноста на Република Македонија, беше одбележан со ревијален ватерполо турнир во градското пристаниште. Овој спортски настан, го организираа Секторот за спорт при општина Охрид, клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Охридскиот Црвен Крст.
Учествуваа ветераните на ватерполо клубовите „АПК Студент“ и „Вардар“ од Скопје, „Челични“ од Штип, „Струга“ од Струга и домаќинот „Охридски бранови“ од Охрид. Настанот имаше хуманитарен карактер, а донираните средства ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца.
Ватерполо ветераните не потсетија на времето кога Охрид значеше многу во овој спорт, а ватерполото беше еден од првите избори на младите охриѓани.
|