Ј.П.„Охридски Комуналец„ го одбележа својот патронен празник “7-ми
Ноември”. Веќе 66 години успешно се грижи за одржување на јавната чистота и
зеленило во градот и прерасна во едно од најдобрите комунални претпријатија
во РМ.
Со пригодна свеченост на вкупно 42 вработени им беа врачени награди за
10, 20 и 30 години непрекината работа во Ј.П.”Охридски
Комуналец” и тоа : тројца вработени за 30-годишно работење, четрнаесет
вработени за 20-годишно работење и дваесет и пет вработени за 10-години
непрекинат работен стаж.
|