Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА: СТРАТЕГИЈА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ОХРИД 2019- 2025 Г.
Untitled Document

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и
39/16), Општина Охрид, на ден година, 01.02.2019 донесе

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

  1. За планскиот документ Стратегија за рурален развој на Општина Охрид 2019- 2025 г. Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Стратегија за рурален развој на Општина Охрид 2019-2025 г. Општина Охрид, се определуваат следните:  Министерство  за  животната  средина  и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ЈУНП Галичица и Општина Охрид
  3. За планскиот документ Стратегија за рурален развој за Општина Охрид 2019- 2025 г. Општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство) како и влијанието на социоекономската состојба.
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
  6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Прочитано:  256  пати
Објавено на: 04.02.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©