Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНАА ЧЕСТВУВАЊАТА ВО ЧЕСТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ
Untitled Document

Чествувањата посветени на великанот Григор Прличев започнаа денеска со промоција на монографијата за „Поетска ноќ во Велестово“ од авторот Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на монографијата беше проф. д-р Димитар Пандев.

„Понекогаш ми доаѓаат сите манифестации одеднаш“. Овој мој исказ е само творечка варијанта на отпадни теории за јазикот и литературата, кој одново станаа податливи токму пред три децении и тие три децении науката за јазикот и литературата ги живее и ден денес. А токму во тие три децении се остварува и поетската манифестација што сега ја одбележуваме како тридецениска поетска ноќ во Велестово, рече професорот Пандев и додаде дека „врвни поети дојдоа во Велестово, а публика од сите можни генерации, од сите можни слоеви без никакви разлики дојдоа на Велестово. Дојдоа велестовци како што во Велестово прво се собра сета Македонија, добар дел од туристите и како што веднаш се собраа и ќе спомнам, семинаристите на меѓународниот семинар за македонски јазик.“

Во Центарот за култура, на посебна свеченост беше претставена наградената поема „  Крале Марко по втор пат“, а на авторот  Славчо Ковилоски му беше доделено високото признание.

Пред самото претставување на поемата, присутните имаа можност да ја погледнат изложбата на ликовни дела на уметници од Република Македонија која беше поставена во изложбениот салон.

Прочитано:  183  пати
Објавено на: 05.02.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©