Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБИ СО ЖИТЕЛИТЕ НА ГОРНО И ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ
Untitled Document

Синоќа градоначалникот Јован Стојаноски со дел од своите соработници, оствари средби со жителите на Горно и Долно Лакочереј. На средбите се разговараше за актуелностите во овие населби и најважните потреби на  граѓаните. И за двете села како најсуштествени беа посочени проблемите со водоводната мрежа и изградбата на канализациона мрежа.

Градоначалникот Стојаноски ги информира граѓаните дека во тек се подготовките на проект, со кој ќе биде опфатен поголемиот дел од сливот на Охридското Езеро, со кој ќе биде решен и проблемот со отпадните води. Што се однесува до водоводната мрежа, секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски истакна дека наскоро ќе се менува правната регулатива за функционирањето на месните заедници, што ќе овозможи поефикасно функционирање на истите и во делот со раководење на водоводната мрежа.

Помалите инфраструктурни зафати ќе се решаваат во координација и помош од месните заедници, притоа, користејќи ги и искуствата за добивање грантови од различни фондови.

Прочитано:  1420  пати
Објавено на: 27.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©