Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВА СРЕДБА СО УГОСТИТЕЛСКИОТ ЕСНАФ
Untitled Document

Утре, (21.02.2018 г. Среда) , во големата сала на општина Охрид, со почеток во 11 часот, ќе се одржи нова средба на градоначалникот Д-р Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со угостителскиот еснаф, на која се очекува целосно да се усогласат ставовите околу предложените  одлуките за плаќање на комунална такса и надоместок за поставување на урбана опрема.

На првата средба, која се одржа пред два дена, во конструктивна расправа, беа усогласени ставовите за зонирање на поставување на урбана опрема, плаќањето да се врши месечно според склучен годишен договор и во зависност колку време ќе биде користена опремата.

Прочитано:  1428  пати
Објавено на: 20.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©