Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ седумдесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 18.08.2017 година (петок) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 72-та седница
- Предлог Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 03.07.2017 година.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОУТУ„Ванчо Питошески“ – Охрид.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Христо Узунов“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Григор Прличев“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Братство Единство“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Кочо Рацин“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Ванчо Николески“ с. Лескоец.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.
- Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Св.Наум Охридски“-с.Пештани – Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ Охрид со помал, односно поголем број деца од законски утврдениот број.
- Предлог Одлука за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2017 – 2019 за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година за периодот од 01.04. - 30.06. 2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01. - 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодoт од 01.01. - 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2017 година за периодот од 01.01. - 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за 2017 година за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2017 година за периодот од 01.04. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за 2017 година за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.01. – 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за периодот 01.01. – 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма други комунални услуги 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2017 година за периодот 01.01. – 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година.
- Предлог Одлука за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2017 година.
- Предлог Одлука за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска
Извор: www.ohrid.gov.mk |