На градскиот плоштад „Чинар“, вечерва, градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Рамазан Бајрам, за граѓаните од муслиманска вероисповед, приреди ифтарска вечера.
На вечерата, градоначалникот Стојаноски порача дека ваквите средби и празнувања ги јакнат односите меѓу граѓаните, соживотот и дека се потврда за почитување на универзалните хумани човекови вредности.
Додаде дека како и досега, така и во иднина, со почитување на верската различност ќе се градат меѓусебната толеранција, милосрдието, разбирањето и просперитетот на Охрид и Република Македонија.
|