По повод празникот Курбан- Бајрам, градоначалникот Никола Бакрачески
упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповед.
-Најискрено
Ви го честитам големиот верски празник Курбан-Бајрам и Ви посакувам да го
поминете во празнична атмосфера, да имате добро здравје, среќа, слога и
бериќет во Вашите семејства.
Празнувањето на Курбан- Бајрам е славење на солидарноста, хуманоста и
грижата кон најблиските, потсетник за секој исламски верник за правење на
добри дела, за почитување на семејството, соседите и пријателите, за грижа
кон оние на кои им е најпотребна помош и подадена рака, за разбирање, за
смиреност и толеранција. Тоа се вредности, кои се присутни во секоја
религија и претставуваат пример за потребното човечко однесување и за
вистинските морални вредности. Курбан-Бајрам е празник на кој, во атмосфера
на меѓусебно почитување и разбирање се слават добрата мисла и добрите дела,
вредности кои придонесуваат за реален соживот и просперитетот на нашето
општество- се вели во честитката на градоначаникот Никола Бакрачески, по
повод верскиот празник Курбан- Бајрам.
Извор: www.ohrid.gov.mk |