Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИДСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА ПРАКСА ВО БУГАРИЈА
Untitled Document

Во рамки на “Me Doctor” проект од “Erasmus +” програмата кој овозможува мобилност на учениците и наставниот кадар, ученици од охридското средно стручно училиште СОСУ ”Св. Кирил и Методиј” се во посета на Универзитетската болница „Александровска“ во Софија, Бугарија. Размената е ретка можност за еден средношколец да може да помине 21 ден на практична обука во една од врвните универзитетски болници во Бугарија.
Оваа болница спаѓа во групата на реномирани универзитетски болници во Софија – Бугарија и е една од најстарите болници, богати со медицинска историја, која е основана во далечната 1879 год.

Учениците се запознаа со системот на организација и работа на УМБАЛ “Александровска” а потоа беа распоредени во помали групи низ кабинетите и клиничките оддели на болницата и тоа во следните оддели: кабинетите за регистратура, ехокардиографија, интерни заболувања, лабораторија, ОРЛ, кабинетот по ендокринологија, понатака во клиниките за нефрологија, кардиологија, урологија, неврологија, хирургија и очни болести.
Учениците, во четврток, ќе ги посети градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски кој во рамки на посетата ќе оствари  и средба со директорот на болницата, каде охридските ученици ја одржуваат својата практиканска работа и со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова. На средбата ќе се разговара за реализација на заеднички проекти од повеќе области кои што се во интерес на двете општини.

Прочитано:  1361  пати
Објавено на: 13.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©