Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВТОРА СЕСИЈА ОД ФОРУМОТ НА ЗАЕДНИЦИ ОД ПРОЕКТОТ “ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ“
Untitled Document

Денес во хотелот “Нова Ривиера“, се одржува втората сесија од проектот, “Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиран со средства на УНДП и Швајцарската амбасада во Македонија.

Во рамки на денешната сесија ќе бидат образложени и презентирани седум концепти за предлог проекти од областа на социјалната инклузија во општината, кои беа дефинирани во рамките на првата форумска сесија. Ќе бидат разгледани концептите за реконструкција и адаптација на влезот и салата на Општина Охрид, уредување на младинска канцеларија и формирање на младински совет, уредување на бул.Туристичка и обезбедување на пристапност на лицата со попреченост, туристичка презентација на Охрид преку нови форми на маркетинг, обезбедување на услови за нега и грижа за стари лица, подобрување на уловите во основните училишта и подобрување на социјалната инклузија на лицата со попреченост преку бизнис активности.

Во седумте работни групи на Форумот на заедници, вклучени се претставници на Советот на Општина Охрид, општинската администрација и претставници на невладиниот и бизнис сектор.

Вкупниот буџет на проектите кои ќе бидат избрани за имплементација, изнесува 50 илјади швајцарски франци.

Прочитано:  263  пати
Објавено на: 29.11.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©