Советот на Општина Охрид на денешната седница ги прифати предложените извештаи за реализација на развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2016 – 2018 за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2016 година, за работата на територијалната противпожарна единица - Охрид за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за работењето на Одделението за даноци за периодот 01.01. - 31.12.2016 година, за работењето на Одделението за комунални такси за периодот 01.01. - 31.12.2016 година, Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за периодот 01.01. - 31.12.2016 година. за одржување на јавна чистота за 2016 година, за одржување и користење на паркови и зеленило за 2016 година, за работењето на Секторот за спорт, млади и невладини организации за 2016 година, за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.01. – 31.12.2016 година, за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2016 година, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за реализација на развојната програма други комунални услуги за 2016 - 2018 година за периодот 01.01. - 31.12.2016 година, за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2016 - 2018 за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај 2016 - 2018 за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за изградба на системи за водоснабдување 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. - 31.12.2016 година, за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2016 година, за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за 2016 година, за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година, за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2016 година, за усвојување на Годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2016 година и Извештајот за годишниот попис за 2016 година и за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. - 31.12.2016 година.
Советот ги усвои извештаите за финансиското работење и годишните сметки за 2016 година на ОУ„Христо Узунов“ , ОУ„Григор Прличев“ , ОУ„Св.Климент Охридски“ , ОУ„Братство Единство“ , ОУ„Кoчо Рацин“ , ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани, ОМУ„Методи Патче“ , ОСУ„Св. Климент Охридски“ , СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ , ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ , ОУТУ„ Ванчо Питошески“ , ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ и ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ . Беа усвоени финансиските извештаи и извештаите за работа во 2016 година за MЈП„Проаква“ Струга работна единица Водовод Охрид, ЈП„Нискоградба “ , ЈП „ Градски пазар“ , ЈП„Охридски Комуналец“ , ЈП„Грaдски Гробишта“ и ЈП„Билјанини извори“ .
Советниците ги прифатија и предложените одлуки за инвестирање во инфраструктурно уредување на пристапот во објектот ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид, за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2017 година, програмата за работа на општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2017 година,за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2017 година, за измена и дополнување на Одлуката за утврдување потреба од донесување на проект за инфраструктура за пешачка патека Табана - Канео – Лабино, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.1, Кп.бр.2 и Кп.бр.3627 КО Елшани и новопредложената одлука за проширување на крајбрежниот појас на Скребатска река во близина на комплексот „ЕМО“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |