Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕН БАЗАРОТ НА ОХРИДСКИ РАКОТВОРБИ
Untitled Document

Богатите македонски фолклорни мотиви, како дел од културата на нашето поднебје, изразени во уметноста и вештината на изработувањето на предмети со стилизирани елементи и оригинална вредност претставуваат несомнен одраз на промоцијата на културата на нашиот град.

Охрид со своето богато историски, културно и духовно наследство изобилува со мотиви за творби со автентична вредност, создадени од нашите креативни кои преку нив го оживуваат минатото. За прв пат во Охрид на иницијатива на НУ „Завод и Музеј“, од 27 август, на „Сараиште“ се одржува „Базар на Охридски ракотворби“. \

Општина Охрид како покровител на базарот има за цел промоција на занаетчиството како значаен економски фактор во развојот и зачувувањето на традиционалните вредност.
Базарот, подеднакво го привлекува вниманието на домашното население и на туристите, и несомнено ќе биде значајно збогатување на културната понуда на градот.

Прочитано:  627  пати
Објавено на: 23.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©