Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Денес советниците ја одржаа третата седница, на која на дневен ред, во најголем дел беа, усвојување на  предлог  одлуки за програми од работата на општинската администрација и јавните претпријатија. На предлог на градоначалникот Стојаноски, советниците го дополнија дневниот ред со предлог одлуките за одобрување за кофинансирање на проект финансиран од Бирото за регионален развој согласно програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година и за исплата на долгот на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија. Одлуките беа едногласно прифатени и изгласани од сите советници.

На седницата беа и две точки од урбанистичката сфера, кои исто така едногласно беа прифатени.

Прочитано:  1447  пати
Објавено на: 05.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©