Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “
бр.53/05, 81/05, 24/07 ,159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и
39/16),
Општина Охрид, на ден година, 13.11.2017год. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена А4 - времено сместување на КП бр.3134, КП бр.3135 и КП бр.3136 К.О.Елшани, Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена А4 - времено
сместување на КП бр.3134, КП бр.3135 и КП бр.3136 К.О.Елшани, Општина Охрид
се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, Општина Охрид и НП „Галичица“
- За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена А4 - времено сместување на КП бр.3134, КП бр.3135 и КП
бр.3136 К.О.Елшани, Општина Охрид за чија изработка е одговорна Општина
Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина.
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
|