Во врска со објавениот втор повик за аплицирање на проектни предлози во рамките на ИПА- програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија за периодот 2014-2020 година, Општина Охрид ги поканува сите заинтересирани страни (НВО, јавни институции, образовни инситуции и други , кои се подобни за аплицирање во повикот) да достават свои проектни идеи кои би биле подобни за аплицирање согласно правилата за аплицирање на повикот.
Општина Охрид транспарентно сака да ја вклучи целата јавност во однос на дефинирање на идеи и проектни предлози, односно дали и колку истите би се совпаднале со потребите и плановите на општина Охрид во однос на подготовка на проектната апликација за наведениот јавен повик. По завршување на предвидениот рок за доставување на предлог идеите, во најбрз можен рок ќе биде организиран и заеднички состанок со предселектираните проектни идеи, на кој би се разговарало за понатамошните чекори и евентуални партнерства.
Предлог идеите не треба да бидат обемни, односно во нив само да се наведе суштината на самата проектна идеа, односно во оваа фаза не повеќе од една страница. Рокот за доставување на проектните идеи е до недела 16-ти декември 2018 година, на емаил info@ohridler.gov.mk |