Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ „8.СЕПТЕМВРИ“ И „ ЖЕЛЕЗНИЧКА“
Untitled Document

Граѓаните од Урбаните заедници 9 и 13- „ 8.Септември“ и „ Железничка“ вечерва имаа средби со секретарот на општина Охрид Игор Бежоски и дел од раководителите во локалната администрација. На средбите, кои се дел од однапред јаво објавениот распоред на градоначалникот Д-р Јован Стојаноски за директен контакт со граѓаните од месните и урбаните заедници, се разговараше главно за комуналните проблеми и нивното решавање.

Граѓаните по поставените прашања добија одговори од претставниците на Локалната самоуправа за динамиката на анализирање и текот на постапките за решавање на проблемите. Во врска со бројните прашања поврзани со состојбата и безбедноста на улицата „ Железничка“ , беше објаснето дека се работи за комплексен проблем кој ситематски и етапно ќе се решава. Се прават интензивни напори, како што беше речено, централната власт за кусо време да изгради обиколница од Косел до Требеништа, со што „ Железничка“ ќе се растовари од интензивниот сообраќај и ќе се изготви ново решение за безбедно одвивање на сообраќајот.

Од покрупните проекти за оваа година во урбаните заедници „ 8.Септември“ и „ Железничка“ беше најавена реконструкцијата на улиците „ Абаз Емин“ и „ Егејска“, асфалтирање на улицата „Будва“ каде се менуваше водоводната мрежа , опремување на автобуските постојки на „ Железничка“, изградба на детски и спортски игралишта и други зафати кои ќе придонесат за поквалитетен живот за жителите од овој дел на Охрид.

Согласно планот и однапред утврдениот распоред , градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, во понеделник на 12.02.2018 година ќе има средби со граѓаните од Урбаните заедници „ Даме Груев“ и „ Горна влашка маала“ .

Прочитано:  1431  пати
Објавено на: 10.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©