Заменик градоначалникот Ангел Јанев и советникот Кујтим Усеини, денеска имаа работна средба со Авдула Кано и Полихрон Балиу заменици на градоначалникот на Поградец од соседна Албанија. На средбата се разговараше за поддршка на иницијативата за прогласување на албанскиот дел од Охридското Езеро за светеско природно богатство под заштита на УНЕСКО. Беше најавено дека на оваа тема наскоро ќе разговараат и градоначалниците на Охрид и Поградец.
Извор: www.ohrid.gov.mk |