Денес градоначалникот Јован Стојаноски ги прими младите шахисти од ШК “Ласкер“, кои на Државното поединечнио првенство забележаа одлични резултати. Под водство на менторот Борис Лушески, охридските шахисти освоија две први и едно трето место.
Во категоријата до 8 години првото место го освои Ивана Велковска, а во категоријата до 10 години најуспешен беше Михаил Николоски. Третото место во женска конкуренција (10 години) го освои Емилија Лушеска.
Градоначалникот Стојаноски честитајќи им го успехот на младите шахисти, им посака и во и во иднина достоинствено да го претставуваа Охрид и вети дека локалната самоуправа ќе го помогне функционирањето на клубот и ќе обезбеди оптимални услови за работа на младите шахисти.
|