Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СО ПРОЕКТ ЗА „ МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА И ИНТЕГРИРАНИ ЗДРАВСТВЕНИ И СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ЗА СТАРИ ЛИЦА И ДЕЦА И НИВНА РАНА ПРЕВЕНЦИЈА “
Untitled Document

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција од ИПА 2 ,општина Охрид, заедно со Лабораторијата на медицинска информатика на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, општина Неаполис, Грчката национална конфедерација на лица со попреченост, Факултетот за информациски и комуникациски технологии Битола   и Болницата за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ аплицираа со проект за „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“.

Проектот беше одобрен од  Програмата за прекугранична соработка, прв повик за проектни предлози од ИНТЕРРЕГ ИПА 2, 2014 – 2020 година. Целта на овој грант во износ од 1 378 500 евра, од кои 180 000 евра им припаѓаат на општина Охрид,  е преку истражување во руралните области, програма за социјална и здравствена превенција, мобилни социјални и здравствени услуги да се зголеми бројот на луѓето кои ќе ги користат социјалните и здравствени услуги со фокус на старите лица, децата и  социјално ранливите категории.
Имплементацијата на овој проект е 24 месеци.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1417  пати
Објавено на: 18.04.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©