Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВРАЧЕНА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ НА РОМАНО ПРОДИ
Untitled Document

Во предвечерието на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во куќата на „Уранија“ в.д. градоначалникот Константин Георгиески, ја врачи светската награда за хуманизам на овогодинешниот добитник, Романо Проди, екс премиер на Италија и претседател на Европската комисија.

Навистина е големо задоволството да се биде дел од оваа престижна манифестација, која Светот го носи во Охрид, токму во предвечерието на големиот Христијански празник, Богојавление – Водици. Особено сум среќен што Охрид, онака и како што заслужува , е центар на Академијата за хуманизам. Токму онака како што доликува за еден ваков свет град.  Уште поголемо е задоволството кога си опкружен со успешни луѓе, секој во својата област,  кои имаат заеднички интерес, а тоа е хуманизмот како универзална вредност која не препознава ниедна граница, бариера или поделба, истакна Георгиески.

Пригодни беседи за добитникот, одржаа Јордан Плевнеш и Рикардо Бризи, професор на Универзитетот од Болоња. Свечениот чин на доделување се одржа пред бројна публика.

Претходно овогодинешниот добитник на наградата господинот Проди, заедно со претседателката на Советот на општина Охрид, направија прошетка низ стариот дел посетувајќи неколку културно - историски знаменитости на градот.

Прочитано:  208  пати
Објавено на: 18.01.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©