Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО ВЕЛИКО ТРНОВО, Р. БУГАРИЈА
Untitled Document

Општина Охрид во склад со активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација продолжи со саемското претставување  на природните, културни и историски знаменитости на Градот овој пат од 6 до 8 април на Меѓународниот саем за културен туризам и филмски фестивал во Велико Трново, Р. Бугарија. Штандот на општина Охрид беше посетен од многубројните посетители кои изразија особен интерес да го посетат Охрид. Штандот беше посетен од бугарскиот министер за култура Рашко Младенов и министерката за туризам Стела Балтова, кои изразија заинтересираност за активностите на општина Охрид во насока на зголемување на туристичката понуда.

Пред бројните учесници, гости и претставници на туристички агенции, туроператори, медиуми и новинари од Р. Бугарија, Турција, Виетнам, Јужна Африка, Португалија, Шпанија, Индонезија, беа презентирани културно – историските знаменитости, природните богатства, различните форми на активен туризам, како и богатата содржина на сместувачките капацитети во Охрид.

Во рамки на саемското претставување, Општина Охрид учествуваше на Филмскиот фестивал кој се одржа во склоп на Меѓународниот саем за туризам,  со две видео презентации во категориите “Promotional film”  во времетраење од 3 – 20минути и “Advertиsing film” до 180 секунди.

Во изминатите три години општина Охрид директно или индиректно оствари успешни и забележителни презентации на меѓународните саемски манифестации и успеа да ги прикаже своите потенцијали во вистинско светло.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1405  пати
Објавено на: 10.04.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©