Охрид е домаќин на Самитот на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа. На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид.
- Ќе направиме се` да бидеме добри домаќини. Ви благодарам на сите пред се` заради овие млади деца кои се иднината на нашиот град и кои еден ден сигурно ќе бидат шампиони на Македонија во фудбал. Ја имаме најубавата и најперспективната екипа и вреди да се работи за сите овие деца. На сите им честитам на наградите. Тие луѓе многу направија за спортот, секој на свој начин. Секогаш сте добредојдени во овој космополитски град, уживајте во Охрид, истакна градоначалникот Стојаноски.
Исклучително е важно што ја избравте Република Македонија и преубавиот Охрид за овој настан, истакна во своето обраќање премиерот Зоран Заев.
- Политичарите се одговорни да дадат прилог за спортот. Приликата е важна и треба да се искористи да се гради пријателство и токму овде да се отвори дебата и да отворите нови перспективи во спортот. Да ги промовираме нашите нови преокупации поврзани со сортот. Владата на Република Македонија е силен поддржувач на спортот и ќе продолжиме и понатаму да го правиме тоа. Има новини што ги разработуваме со самиот почеток на 2019 година. Планирано е воведување на спортски ваучери и ќе влезат 6 милиони евра за помош на спортот во Република Македонија, истакна премиерот Заев.
|