Под покровителство на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ , на 26 и 27.01.2019 година во Битола се одржа шаховски турнир во единаесет кола со темпо на игра 20’+10” . На турнирот учествуваа 83 млади шахисти од Република Македонија, од кои 12 од Шаховскиот клуб „ Ласкер“од Охрид.
На турнирот членовите на ШК „ Ласкер“ освоија три медали. Во категорија U12 Јулијан Матески освои бронзен медал, во категорија U14 Константин Лушески освои златен медал кој воедно беше и шестопласиран во конечниот пласман на целиот турнир, а Иван Велкоски освои сребрен медал.
|