Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИФАТЕНИ СИТЕ АПЛИКАЦИИ ОД ЈАВНИОТ КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ И ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ
Untitled Document

ЈП Билјанини Извори во месец јануари распиша јавен конкурс за поддршка на млади и талентирани спортисти во индивидуалните спортови на територија на Општина Охрид. Согласно тоа а врз основа на документите кои беа приложени од страна на апликантите како критериуми утврдени за учество на јавниот конкурс ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека ги прифати сите предложени млади и талентирани спортисти кои аплицираа на јавниот конкурс и со тоа им се овозможува бесплатно користење на спортската инфраструктура што ја стопанисува претпријатието а се однесува на спортот кој го претставуваат.

Марко Пејчиновски (пливање), Стојан Стојановски, Ана Стојановска, Павел Стефковски, Ива Кецкарова, Мина Петреска, Матеја Билбилоска и Јована Кецкарова (тенис) се младите и талентирани спортисти кои аплицираа и на кои ќе им се овозможи бесплатно користење на градски базен и тениски терени.

ЈП Билјанини Извори и во иднина ќе биде иницијатор и подржувач на сите активности кои ќе бидат во насока на поддршка на младите и талентирани спортисти на територија на Општина Охрид

Прочитано:  122  пати
Објавено на: 06.03.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©