Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и
Локален Економски Развој, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot
бесплатен интернет на 3 најпосетувани локации во Охрид и тоа:
1.
Плоштад Св. Климент Охридски
2. Плоштад Крушевска република – Чинар и
3. Плаошник
На овај начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да
користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда,
календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.
Со самото приклучување на бесплатниот WiFi како почетна страна се отвора
ново-редизајнираната веб www.ohrid.com.mk
Голема благодарност до Н.У. Завод и Музеј и МПЦ- Охридска архиепископија
за соработката околу поставувањето на опремата.
|